Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Екс премиерот Дејвид Камерон е нов министер за надворешни рабори – реконструкција на британската влада

/

пред 1056 дена

Сподели преку :

Поранешниот британски премиер, Дејвид Камерон е нов министер за надворешни работи. Тој доаѓа на местото на Џејмс Клеверли, кој стана министер за внатрешни работи. Претходно беше разрешена досегашната министерка за внатрешни работи, Суела Брејвер-Ман, а како официјална причина беше наведена реконструкцијата на владата.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Камерон напиша дека со задоволство ја прифатил понудата на премиерот Риши Сунак да служи како министер за надворешни работи. Камерон пишува дека не се согласувал со некои одлуки на премиерот Сунак, но вели дека е способен и силен премиер, кој покажува примерно лидерство во тешко време.

„Сакам да му помогнам да ја испорача безбедноста и просперитетот што ѝ треба на нашата земја и да биде дел од најсилниот можен тим што му служи на Обединетото Кралство“, напиша Камерон на социјалната мрежа Икс.