Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Исполнети се барањата на машиновозачите, возовите повторно сообраќаат

/

пред 1056 дена

Сподели преку :

Од попладнево треба да биде нормализиран железничкиот сообраќај во земјава кој од петокот беше во прекин поради бојкот на машинскиот и извршен персонал на Железници Транспорт.

Претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот извршен персонал Тони Димовски во изјава за МИА рече дека бојкотот прекинува затоа што е исполнето нивното барање за исплата на патните трошоци.

  • Исполнето е нашето барање за исплата на патните трошоци. Бојкотот во МЖ Транспорт ќе прекине со возот 643 кој од Скопје за Битола попладнево наместо во 14:30 часот, ќе тргне со задоцнување отприлика од 90 минути, рече Димовски.

Машинскиот и извршен персонал при Железници на РСМ Транспорт од петокот попладне стапи во бојкот со целосен прекин на железничкиот собраќај поради неисплатени патни трошоци за минатиот месец.