Илјадници потреси се регистрирани околу вулканот Фаградалсфјал на Исланд во последните недели.
Тие се концентрирани на полуостровот Рејкјанес Пенинсула, кој беше неактивен 800 години пред ерупцијата во 2021 година.
Исланд прогласи вонредна состојба, додека Исландската метеоролошка служба соопшти дека постои значителен ризик од ерупција.

Тор Тордасон, професор по вулканологија на Универзитетот во Исланд, изјави за Би-Би-Си дека магмата сега е на помалку од 800 метри под површината и дека ерупцијата се чини неизбежна.
„Најверојатно ерупцијата ќе се случи од страната на градот Гриндавик“, додаде тој.
Магмата моментално се издигнува под Гриндавик. А според цивилната заштита, опасноста од ерупција расте бидејќи магмата е на само неколку стотици метри од површината. Растојание кое може да го помине во рок од 30 минути.
3.700 жители на Гриндавик од викендот се во засолништа. Дел од нив денеска можеа накратко да се вратат дома за да ги соберат неопходните работи од нивните куќи. Сите се надеваат дека, како и за време на предходните ерупции, и овој пат ќе ги погоди само ненаселените области.












