Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Османи: Речиси е извесно дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе присуствува на министерскиот совет на ОБСЕ

/

пред 1056 дена

Сподели преку :

Се очекува одлука за присуство на рускиот мнинистер за надворшени работи Сергеј Лавров, на состанокот на ОБСЕ во Скопје, кое тој писмено го побарал од Македонија како земја претседавач со организацијата.

Министерот за надворешни Бујар Османи се надева дека сите министри ќе бидат присутни во Скопје, но се уште ги чека одговорите за тоа, на кои членови на делегацијата од руската федерациија ќе им биде дозволено да дојдат во македонија, кои земјава ги процесуирала до централата, и земјите-членки на обсе.

Речиси е извесно дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе присуствува на министерскиот совет на ОБСЕ, што ќе биде прва посета на шеф на американската дипломатија во Македонија по онаа на Колин Пауел во 2001 година.

Министерот за надворешни Бујар Османи во интервју за „360 Степени“ вели дека нема никакви индикации дека Блинкен нема да дојде на министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје.

Во меѓувреме, Советот за надворешни работи на Европската унија денеска на дневен ред ги имаше и кандидатурите на земјите-членки за претседавачи на ОБСЕ, откако поради блокадата од страна на русија, се уште не е избрана земја-претседавач за 2024 година.

Министерот за надворешни, Бујар Османи, информира дека се во постојан контакт со повеќето министри за надворешни работи, и дека во текот на неделава ќе се расчистат одредени дилеми за да може да се зборува за конкретно решение за иден претседавач.

Доколку таква одлука не биде донесена сега, крајниот рок е тоа да се реши на министерскиот состанок на обсе, кој ќе се одржи во скопје од 29 ноември до први декември, при што постои можност, на Макеоднија да и биде продолжено претседавањето доколку не се најде земја-кандидат за претседавач.