Опциите се отворени и за новата пратеничка група, која се формираше денеска и сега брои шест члена. И овој сојуз, Европски сојуз за промени, ја има Европа во името и се подготвени за нови проширувања и конструктивност во пресрет на изборите.
Изет Меџити, Африм Гаши, Фадил Зендели, Кастриот Реџепи, Мерита Коџаџику и координаторката на пратеничката група Сафије Садики Шаини ја сочинуваат новата пратеничка група од здружена коалиција на партиите Беса, Алтернатива и Демократското движење.
Тие не се откажуваат од местото во ДИК кое велат легитимно им следува како на опозициска коалиција на местото кое сега го држи Алијансата за Албанците која пак е дел од владеачката коалиција.
Од коалицијата посочија дека е отворена и за нови проширувања, но изразија и подготвеност и конструктивност во пресрет на престојните избори.
Повторно упатија силни критики за ДУИ, а лидерот на интегративците им возврати од собирот на огранокот на ДУИ од Чаир.
Ахмети против здружената албанска опозиција: Да не сонуваат дека ќе ја победат ДУИ











