Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се чекаат резултатите од што добија салмонела 12 ученици – ЦЈЗ вели не се готови анализите од земените мостри

/

пред 1055 дена

Сподели преку :

Резултатите од анализите направени врз мострите од храна и од површините на кујните во шесте основни училишта во Карпош и главниот магацин на фирмата која е главен добавувач на храна, се уште не се готови велат од ЦЈЗ. Најавите беа дека неделава треба да се утврди точно причината за труењето на 12 ученици со салмонела.

Минатата недела АХВ заедно со државниот здравствен и санитарен инспекторат излегоа на терен за да земат примероци, а на мензите времено им беше забрането да вршат дејност се додека не се открие причинителот. Официјално кај 12 деца е утврдено труење со салмонела, а од ЦЈЗ за Телма велат дека нема други случаи. Кај децата кај кои беше потврдено труењето беа со полесни симптоми и ниту едно не беше хоспитализирано.