Конечната потврда и од Апелациониот суд во Скопје дека кривичното дел на Сашо Мијалков за примање награда за противзаконито влијание во судскиот процес „Титаник 2“ е застарено и тоа уште до април.
Во последната одлука апелација пресуди дека останатите обвинети во предметот наместо затворски казни им се изрекуваат условни… По повтореното судење откако еднаш апелација уважи жалба и го врати процесот, сега на обвинетиот Мендух Тачи, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев наместо две години затвор апелација затворските казни им ги замени со условни, односно да не сторат кривично дело во наредните 4 години.
Советот при апелација за ваквата одлука наведува: „ Ценејќи ја одлуката за изречената кривична санкција, советот на овој суд ги ценеше истакнатите жалбени наводи по однос на одлуката за кривичната санкција содржани во изјавените жалби од обвинетите, истакнати во насока дека првостепениот суд ги проценил отежнувачките за сметка на олеснувачите околности, поради што изречената казна затвор не е адекватна на тежината на делото и личноста на сторителите, и за истите најде дека се основани.“ Па, оттука повисокиот суд наведува дека ги зел предвид жалбите на обвинетите на последната јавна расправа во апелација.











