Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Цените на овошјето и зеленчукот остануваат замрзнати до крајот на декември

/

пред 1055 дена

Сподели преку :

Владата, на предлог на Министерството за економија, на денешната седница донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со која што се утврдува највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо во вкупен износ до 10 отсто и во вкупен износ до 15 отсто во трговијата на мало.

„Согласно денешната владина одлука, вака утврдената највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, наместо до 30-ти ноември, ќе се применува до 31-ви декември 2023 година“, соопшти владината прес-служба.