Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хезболах истрела проектили кон Израел, повредени три лица

/

пред 1077 дена

Сподели преку :

Тројца Израелци се повредени, откако Хезболах лансира противтенковски проектили од Либан кон северот на Израел, јавуваат израелските медиуми.

Засега не е позната состојбата на повредените лица. Хезболах денеска презеде одговорност за повеќе од 10 ракетни и минофрлачки напади кон израелскиот север.

Израелските сили соопштија дека одговориле со артилериско гранатирање на изворите на огнот, а израелски ловци дејствувале врз позиции на Хезболах.

Израелските сили претходно соопштија дека собориле дрон за кој се сомневале дека полн со експлозив, откако ја минал границата меѓу Либан и Израел.