Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трајковски освои злато, Стојановиќ стигна до бронза за КК Макпетрол на Балканското првенство

/

пред 1051 дена

Сподели преку :

Двајца каратисти на Макпетрол денеска се закитија со медали на Балканското првенство за кадети, јуниори и младинци што се одржува во Љубљана, Словенија.

Витомир Трајковски го освои златниот медал во категоријата под 84 килограми во младинска конкуренција. Стефан Стојановиќ пак се закити со бронзата во категоријата над 84 килограми исто така во младинска конкуренција.

На силното Балканско првенство учествуваа 13 држави.