Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЖРК Ѓорче Петров се пласираше во осминафиналето во ЕХФ Купот

/

пред 1050 дена

Сподели преку :

Ракометарките на Ѓорче Петров се пласираа во осминафиналето на ЕХФ Купот откако и вечерва на реваншот во Скопје го совладаа белгискиот тим Ејупен со 48-36.

Ана-Марија Коларовска и Емилијана Ризоска го водеа македонскиот состав до победата со по 11 голови.

Нашите ракометарки на првата средба во Белгија остварија исто така убедлива победа од 46-39.

Ѓорчепетровки сезонава во Европа се со максимален ефект од четири победи на четири натпревари, бидејќи во претходната рунда два пати го победија и Тиват.