Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Педесет милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа за поддршка на македонското стопанство

/

пред 1058 дена

Сподели преку :

Административниот совет на Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) донесе одлука за одобрување на Програмски заем во износ од 50 милиони евра за Развојна банка на Северна Македонија.

Овој заем ќе придонесе за поттикнување на отворањето на нови работни места и инвестирање во основни и обртни средства на микро, малите и средни претпријатија (ММСП) во Република Северна Македонија.

„Заемот ќе се реализира преку деловните банки и ќе овозможи полесен пристап до финансии под исклучително поволни услови за ММСП, унапредување на нивната конкурентска предност и зајакнување на нивната позиција во создавањето и одржувањето на работните места“, соопшти Развојна банка.