Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Англиските медиуми се жалат на новиот терен на „Тодор Проески“ (ФОТО)

/

пред 1051 дена

Сподели преку :

Фудбалската федеранција на Македонија иако ја презема на себе обврската да го реновира теренот на нашиот најголем стадин „Тодор Проески“, тоа очигледно не е доволно за англиските медиуми. Дел од новинарите од Островот кои се во Скопје се жалат на новата тревна подлога на скопскиот стадион.

Според англиските новинари, премиерлигашките клубови биле загрижени заради состојбата на новиот терен на „Тодор Проески“, бидејќи тоа би можело да придонесе за повреди на нивните ѕвезди, пишува „Телеграф“.

Наводно, новата тревна подлога не е доволно добра веднаш да се игра натпревар од ваков калибар. Теренот бил тврд и во тревата имало ситни каменчиња наместо песок, а тоа ќе претставува сериозен проблем, додаваат новинарите на „ТалкСпорт“.

Теренот на нашиот стадион беше во ужасна состојба за дуелот со Италија, по што нашите фудбалери мораа да им се извинуваат на „аѕурите“. Изминативе месец и половина интензивно се работеше на новиот терен на скопскиот стадион, а Македонија и Англија први ќе го испробаат вечерва од 20:45 часот.

Вака изгледа новата тревна подлога.