Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Ние ги изградивме бункерите под болницата Шифа во Газа – поранешниот премиер на Израел за „Си-Ен-Ен“

/

пред 1073 дена

Сподели преку :

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак предизвика контроверзи, откако на новинарката на „Си-Ен-Ен“, Кристиан Аманпур и рече дека Израел помогнал во изградбата на некои од подземните простории под болницата Ал Шифа во Газа. Тој истакна дека бункерите што ги користи Хамас за терористички активности, изворно биле „изградени од израелски градители“.

„Кога рековте дека ги изградиле израелски инжинери, дали рековте погрешно?“, го праша изненадено Аманпур.

„Не, не, знаете пред неколку децении го водевме тоа место. Па им помогнавме. Им помогнавме да ги изградат тие бункери, за да овозможиме повеќе простор за работа на болницата“, одговори Барак на што Аманпур рече дека коментарот на Барак „малку ја збунил“.

„Тајмс оф Израел“ пишува дека снимката масовно се шири на интернет и оти критичарите на Израел ја претставуваат како доказ дека Израел лаже за тоа дека Хамас гради тунели под Шифа и го користи медицинскиот комплекс да се заштити од нападите.

Израелски официјални лица тврдат дека Хамас изворно ги присвоил подрумските простории на болницата што ја изградил Израел додека сè уште владеел со Газа. И дека милитантната група од тогаш ископала неколку спрата и додала тунели, со цел местото да го направи центар во својот голем подземен лавиринт.