Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Англија и Франција најголеми фаворити за титулата на Евро 2024

/

пред 1049 дена

Сподели преку :

И покрај фактот што до овој момент не се познати сите учесници на завршницата од Европското првенство во фудбал што ќе се одржи следната година во Германија, две селекции важат за најголеми фаворити за освојување на трофејот.

Најголеми шанси им се даваат на актуелните светски и европски вицешампиони Франција и Англија.

Веднаш зад нив е Германија, којa високо котира на листата иако во последнава година домаќинот на континенталното првенство има само две победи во 10 настапи.

Како четврти фаворит за трофејот се потенцира Шпанија, а идентични шанси за успех им се дава на селекциите на Италија, Холандија и Белгија.

Далеку зад нив се Хрватска и Данска, најмали шанси за триумф има Албанија чиј коефициент изнесуваа 400.

ФОТО: Игор Паневски