Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Утре наутро во 7 часот почнува прекинот на огнот во Газа – првите заложници ќе бидат ослободени во 16 часот

/

пред 1047 дена

Сподели преку :

Прекинот на огнот во Газа ќе почне утре изутрина во 7 часот по локално време, соопшти катарското Министерство за надворешни работи кое посредуваше во преговорите меѓу Израел и Хамас. Првите заложници треба да се ослободат утре попладне во 16 часот. Штом почне примирјето во Појасот, се најавени и првите камиони со помош за Газа преку преминот Рафа.

Во првата фаза од паузата, Хамас треба да ослободи 50 заложници од Газа, а Израел ќе ослободи 150 палестински затвореници.

Израел утрово соопшти дека неговите воздушни напади погодиле 300 цели на Хамас во изминатиот ден, вклучувајќи тунели и локации за оружје. Во меѓувреме, порпаролот на министерството за здравство на Газа изјави дека медицинскиот конвој, бил насилно пресретнат од израелската војска и дека е притворен директорот на болницата Шифа.