Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израелските медиуми објавија дека 13 израелски заложници се ослободени од Хамас- Надвор од договорот, Хамас ослободи и 12 тајландски државјани кои беа во заложништво во Газа

/

пред 1060 дена

Сподели преку :

Израелските медиуми објавија дека 13 израелски заложници  се ослободени од Хамас и тие се префрлени во Црвениот крст, сега се на пат кон граничниот премин Рафа со Египет.

Во текот на денот ќе бидат ослободени 39 палестински затвореници кои држат во израелски затвори. Минибусите од затворот Офер веќе тргнаа.

Размената е дел од четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас, кое започна денеска по седумнеделни војни.

Тајландскиот премиер изјави дека се ослободени 12 тајландски државјани кои Хамас ги држел како заложници во Газа. Тој рече дека претставници на амбасадата биле „на пат да ги земат“, но не прецизираше каде се заложниците. Засега, нема коментар од Хамас.

Ослободувањето на тајландските државјани не е дел од договорот меѓу Израел и Хамас што беше постигнат со посредство на Катар.