Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Постепено стабилизирање со сонце и студено – Временска прогноза за 26.11.2023

/

пред 1047 дена

Сподели преку :

Претпладне особено на исток ќе провејува слаб снег, а во текот на денот ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец (над 70 км/час).

Во Скопје сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен на повисоко и во источните делови од регионот.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -6 до 3°C, а максималната од -2 до 7°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

0 Попова Шапка, 3 Лазарополе, 4 Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, Крушево, 5 Тетово, 7 Скопје-Петровец, Претор, Струмица, Велес, 8 Крива Паланка, Охрид, Битола, Берово, Дебар, 9 Прилеп, Штип, Кавадарци, 10 Виница, 11 Демир Капија, Гевгелија, 12 Дојран.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

12 Маврови Анови, 10 Лазарополе, 7 Дебар, 5 Охрид, 4 Крива Паланка, Претор, Крушево, 3 Тетово, Прилеп, 2 Скопје- Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Попова Шапка, 1 Скопје-Петровец, Берово.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)

Охридско Езеро 13.0, Преспанско Езеро 10.5, Дојранско Езеро 13.8

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/