Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема фудбал во Кратово и Струга: ќе се играат само три натпревари од денешната програма

/

пред 1045 дена

Сподели преку :

Во Првата македонска фудбалска лига денеска ќе се одиграат само три од предвидените пет натпревари од 15.коло. Снегот, што наврна вчера одложи два натпревари на кои нема услови за игра.

Нема да има фудбал во Кратово и Струга, односно дуелите Силекс – Вардар и Струга – Воска се одложени за друг ден.

На двата дуели во Скопје, помеѓу Шкупи и Македонија Ѓорче Петров, односно Работнички – Гостивар ќе се игра со почеток од 13 часот, а ќе има фудбал и во Кавадарци, каде Тиквеш ја пречекува Брера.

Вчера во рамки оваа рунда, Брегалница и Шкендија ремизираа 2-2.