Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Џафери: Изборите треба да бидат распишани до 28 февруари, ако партиите се договорат парламентарните избори да бидат на 8 мај 2024

/

пред 1057 дена

Сподели преку :

Ако партиите се договорат парламентарните избори да бидат на 8 мај 2024, тогаш на 28 февруари ќе бидат распишани, а техничка влада ќе има од крајот на јануари, кажа претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба со медиумите.

Тој вели дека досега до него не е стигната никаква информација дека е постигнат договор за денот на одржување на изборите.

  • „Ако се претпостави она што се шпекулира дека 8 мај би бил прифатлив за сите, да бидат заедно изборите, претседателски и парламентарни, тогаш роковите се во рамки на минимум 70 и максимум 90 дена од распишување до одржување на изборите, изборите би се распишале во тој случај 27-28 февруари. Ако се одржат изборите заеднички, значи на 8 мај, како резултат на пржинскиот договор, техничка влада би требало на крајот на јануари да е избрана. Значи на 27, 28 јануари да се избере техничка влада. Тоа се роковите во однос на она што би бил конкретниот датум за избори доколку е 8 мај. Појасно, само здравје“, рече претседателот на Собранието, Џафери на брифинг со новинарите.