Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ако падне договор за двојни избори на 8-ми мај, техничка влада ќе се формира на 28-ми јануари

/

пред 1057 дена

Сподели преку :

На 29 јануари Македонија ќе добие техничка влада со премиер Албанец, доколку партиите го официјализираат неформалниот договор, парламентарните избори да се одржат на 8 мај, на вториот круг од претседателските избори. Премиерот ќе има рок до 26 јануари да си поднесе оставка на функцијата.

Лидерите се добредојдени во Собранието, да одржат средба во текот на декември, како што најави Ковачевски, каде би се направил конечниот договор.

Џафери тврди дека не добил понуда да се спушти едно скалило пониско и да седне во премиерската фотеља, иако медиумите шпекулираат и со неговото име. Вицепремиерот Груби, пак, вели дека ДУИ веќе ја одбрале личноста, но за кого се работи, ќе соопшти Ахмети. ВМРО-ДПМНЕ прифаќаат средба за избори.

Во меѓувреме, и албанската опозиција ги консолидира редовите. На избори ќе одат сами, а за постизборно коалицирање се подготвени да разговараат со сите, освен со ДУИ.

Опозицијата ќе има и свој кандидат за претседател, кој според неформалниот договор, ќе се избира на 24 април. Изборите ќе бидат редовни, така што и Собранието ќе си работи редовно и на 12 мај ќе може да биде инаугуриран новиот претседател на државата.

Далиборка Демјанска Цвтановска