Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Два дена продолжен прекинот на огнот на Блискиот Исток

/

пред 1066 дена

Сподели преку :

Мајед ал Ансари-портпаролот на катарското Министерство за внатрешни работи, објави дека е постигнат договор за продолжување на хуманитарниот прекин на огнот за дополнителни два дена во Појасот Газа.

„Државата Катар објавува, како дел од тековното посредување, дека е постигнат договор за продолжување на хуманитарниот прекин на огнот за дополнителни два дена во Појасот Газа“, рече Ал Ансари.

Списокот со израелски заложници кои денес треба да се ослободени од Хамас е испратен на разгледување се’ со цел да се известат нивните фамилии.

Како дел од четвртата размена биле ослободени 33 заложници, 30 од нив биле деца.

Израелската затворска служба соопшти дека затворениците биле ослободени од затворот Офер на Западниот Брег и притворниот центар во Ерусалим. Вкупниот број на ослободени Палестинци од петокот се искачи на 150.

Одобрено е ослободување на 50 заложници. Од нив речиси 20 се дел од заложниците кои беа земени на 7 октомври од страна на Хамас.