Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вонредна состојба во четири општини во Србија – пронајдено безживотно тело на 53-годишен човек

/

пред 1066 дена

Сподели преку :

Во четири општини во Србија е најкритична состојбата поради снегот. Во Ивањица, во Нова Варош, во делови од Врање и во Црна Трава прогласена е вонредна состојба.

Таму на некои делови наврнале 80 сантиметри снег. Сите села се целосно покриени со снег, патиштата се непроодни, информираат српските медиуми.

Во две локални заедници 200 жители се без струја, а училиштата нема да работат, некаде не работата и телефонските врски. Војската дојде да помогне и во Бабушница.

Телото на 53-годишен маж е пронајдено во потегот меѓу селата Рудно и Студеница, кој го загуби животот во снежната бура што во последните 48 часа ја зафати Србија.