Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел обвинува, Хамас вперува прст во израелските сили – двете страни тврдат за прекршување на примирјето во Газа

/

пред 1065 дена

Сподели преку :

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека одреден број на израелски војници се здобиле со полесни повреди по наводен напад на милитанти на Хамас, што според нив претставува прво сериозно кршење на примирјето, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Три експлозивни направи, според ИДФ, биле активирани на две различни локации во северниот дел на Појасот Газа, а во еден од инцидентите имало и пукање на што било возвратено.

„Единиците на ИДФ во двата случаја беа во рамки на договорените линии“, соопштија од ИДФ.

Хамас одговори со обвинување дека Израел прв го прекршил примирјето и оти милитантите возвратиле на нападот, без да се наведат детали.

„Остануваме посветени на примирјето, сè додека и непријателот се придржува и ги повикуваме посредниците да извршат притисок врз окупаторските сили да се придржуваат до сите услови на примирјето на земја и во воздух“, се вели во соопштението на палестинската милитантна група.