Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ознака Т2 на струјомерите значи евтина тарифа – од 13 до 15 часот услугата се враќа кај домаќинствата

/

пред 1047 дена

Сподели преку :

Евтината тарифа на електричната енергија од денеска се враќа кај домаќинствата. 170 илјади домаќинства ќе добијат дневна евтина струја од 13 до 15 часот. Ова се сите кои имаат дигитални броила. Останатите 650 илјади ќе ја добијат во текот на декември затоа што нивните струјомери треба рачно да се прилагодат.  На оние на кои на екранот на  броилото ќе им се појави ознака Т2 тоа значи дека имаат дневна евтина тарифа.

Домаќинствата ќе имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во ден недела.

Зголемувањето на производството на електрична енергија и инвестицискиот циклус во обновливи извори на енергија го зголеми производството на електрична енергија со што директно се влијаеше врз намалување на цената на струјата преку ден.

Во рамките на антикризните мерки продолжува субвенционирањето на сметките за струја за над 600.000 домаќинства во државата.