Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Олимписки и светски вицешампион суспендиран на три години

/

пред 1037 дена

Сподели преку :

Атлетичарот од Доминиканската република, Лугелин Сантос доби забрана за настап во следните три години откако Комитетот за интегритет во спортот откри дека тој пред 11 години го фалсификувал датумот на раѓање.

Сантос е роден на 12 ноември 1992 година, но за да учествува на Светскиот јуниорски шампионат ги фалсификувал документите и се пријавил дека е помлад за 12 месеци.

На првенството во 2012 година тој го освоил златниот медал во трката на 400 метри и по изрекувањето на казната титулата му е одземена.

Истата година на сениорскиот Мундијал во Лондон тој стигна до среброто, а на Олимписките игри во Токио со мешаната штафета 4 пати по 400 метри го освои второто место.

ФОТО: Игор Паневски