Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УЕФА на учесниците на Евро 2024 ќе им подели 331 милион евра

/

пред 1038 дена

Сподели преку :

Во пресрет на денешната жрепка за фазата по групи од Европското првенство во фудбал што ќе се одржи во Германија, УЕФА ја објави сумата што ќе им ја подели на учесниците на турнирот.

Вкупниот награден фонд изнесува 331 милион евра, а секоја од земјите кои се дел од завршницата имаат гарантиран приход од 9,25 милиони.

За секоја победа на националните асоцијации ќе им биде исплатен по еден милион евра, а нерешен резултат ќе се награди со 500.000.

Пласманот во елиминациската рунда носи бонус од 1,5 милиони, а влезот меѓу осумте најдобри носи награда од 2,5 милиони евра.

Полуфиналистите ќе инкасираат четири милиони, а поразениот во финалето ќе биде награден со пет милиони евра.

Освојувачот на шампионската титула ќе заработи осум милиони евра.

Според пресметките максималниот износ кој може да го добие репрезентацијата што ќе го освои трофејот е 28,25 милиони евра.

Европското првенство во фудбал ќе се одржи во периодот од 14 јуни до 14 јули следната година, а домаќин е Германија.

ФОТО: Игор Паневски