Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петтемина приведени во случајот со Вања се уште не се изведени пред суд

/

пред 1051 дена

Сподели преку :

Скопската полиција интензивно работи на расчистување на случајот со исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, велат во полицијата, и најавуваат повеќе информации по решавање на случајот.

За сега, нема одговор што се случува со петтемина приведени.

Од кривичниот суд во Скопје велат дека кај нив не се доведени. Според законот за кривична постапка, лицата лишени од слобода мора веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа, да бидат изведени пред суд, кој без одлагање ќе одлучи за законитоста на лишувањето од слобода.

Нема информации ниту од обвинителствот Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вчера рече дека биле приведени пет лица и обезбедно едно возило во истрагата за исчезнатото девојче.

Тој побара да не се шпекулира околу случајот, и рече дека полицијата ќе соопшти повеќе информации, во момент кога ќе оцени дека објавувањето нема да направи проблеми.