Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МНТ ги откажа вечерашната и утрешната претстава поради свирепите убиства на Ѓорчевска и Жежовски

/

пред 1038 дена

Сподели преку :

Поради свирепите убиства од користољубие на 14- годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74 годишниот фризер од Велес,  Панче Жежовски, кои длабоко ја потресоа целата македонска  јавност, Македонскиот народен театар ги одложува претставите, закажани за вечерва и утре. Од МНТ велат дека сочувствуваат со семејствата на починатите и ги откажуваат изведбите на претставите ,,Кец на десетка“, закажана за вечерва и на претставата ,,Животот е прекрасен“, планирана да се игра утре вечер.