Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР распиша меѓународна потерница за Љупчо Палевски

/

пред 1034 дена

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи (МВР) вечерва објави дека е распишана меѓународна потерница за Љупчо Палевски, кој првоосомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот бербер од Велес, Панче Жежовски.

„Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и „убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје“, е наведено на официјалната веб страница на МВР.

Палевски во моментот е во бегство во странство и не е достапен на македонските органи на прогонот.