Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На Кочо Анѓушев и на неговата фамилија им се забранува влез во САД „поради негова вмешаност во корупција“, Агелер вели: САД ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери

/

пред 1049 дена

Сподели преку :

САД му забрануваат на поранешниот вицепремиер на Северна Македонија влез во САД, објави Стејт департментот.

Соединетите Држави го назначија поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев како неподобен за влез „поради неговата вмешаност во значителна корупција“, се вели во соопштението објавено на веб страницата на Стејт департментот.

„Анѓушев додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во нивните владини институции и јавни процеси“, се вели во објавата.

Ставањето на Кочо Анѓушев на Црната листа ја потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ.

Покрај Анѓушев на листата се и неговата сопруга, Елизабета, и децата, Ангел и Огнен, како генерално неподобни за влез во Соединетите држави.

„Денешното назначување на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев и неговото семејство е уште еден доказ дека Соединетите Држави ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во оваа земја и во регионот, без разлика на нивната позиција, политичка определба или времето на злоупотребите. Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Северна Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени,“ напиша на веб страницата на Амбасадата САД, амбасадор ката Ангела Агелер.