Во последниот натпревар од фазата по групи, ракометарите на Алкалоид ја совладаа Ла Риоха со 28:27 и го забележаа првиот триумф во дебитантскиот настап на меѓународната сцена.
Најзаслужни за победата во дуелот против шпанскиот претставник во Европската лига на ЕХФ беше младиот голман Иван Галевски кој забележа 17 одбрани додека Марко Митев беше стрелец на 10 погодоци.
ФОТО: Игор Паневски
































