Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УЕФА демантира дека има договор со Емиратите

/

пред 1035 дена

Сподели преку :

Само еден ден откако некои медиуми во Шпанија објавија вест дека претседателот на УЕФА, Александар Чеферин договорил соработка со Обединетите Арапски Емирати, Европската фудбалска асоцијација објави демант во кој се тврди дека информациите не се точни.

Вчера се појави информација во која се вели дека УЕФА потпишала договор вреден 2,2 милијарди евра и дека покрај продажбата на телевизиските права за сите натпреварувања, финалето во Лигата на шампионите во сезоната 2029/2030 ќе се одигра во Абу Даби.

Од УЕФА тврдат дека ширењето на лажни вести е притисок пред изрекувањето на пресудата на Европскиот суд за правда околу тужбата за формирање на Европската супер лига.