Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Викендов нема фудбал во Грција, судиите повторно штрајкуваат

/

пред 1035 дена

Сподели преку :

Поради се почестите напади врз арбитрите, судиската организација во Грција реши да ги бојкотира натпреварите во домашниот фудбалски шампионат и поради оваа одлука викендов нема да се играат мечеви во Супер лигата.

“Грчките, но и странските судии се почесто се мета на напади. Добиваме закани, се трпи насилство, физичко и вербално, а сето тоа минува неказнето. Поради тоа решивме дека нема да бидеме дел од натпреварите во земјата почнувајќи од овој викенд и бојкотот ќе трае се додека не се обезбедат нормални услови за работа”, се вели во соопштението на судиската организација во Грција.

Во текот на ноември во Атина нападнат е судијата Андреас Гамарис по кој биле фрлани канти полни со бензин, а на овој инцидент му претходеа смртни закани за Тасос Папапетру од луѓе кои не биле задоволни од неговата арбитража.

Фудбалската федерација на Грција не се огласи за ниту еден од сериозните инциденти и поради судиите се решија за штрајк и ова не е прв пат на ваков начин да се прекинува шампионатот во оваа земја.

ФОТО: Игор Паневски