Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почнува битката за четвртфиналето на СП во ракомет

/

пред 1033 дена

Сподели преку :

Од денска на Светскиот шампионат во ракомет во женска конкуренција почнува борбата за пласман меѓу осумте најдобри.

Дваесет и четири селекции се пласираа во следната рунда од Мундијалот што се одржува во Шведска, Норвешка и Данска, а место во елиминациската фаза има само за осум национални тим.

Во секоја од четирите групи има по две репрезентации кои од првата рунда пренесоа максимален број на бодови, но и тоа не е гаранција дека ќе имаат лесен пат во пласманот во четвртфиналето.

Денеска на програмата се шест натпревари од  втората и четвртата група каде по четири бода пренесоа Норвешка, Франција, Холандија и Шпанија.

Домаќинот Норвешка за противник ја има Ангола, а во останатите мечеви од втората група се среќаваат уште Словенија – Јужна Кореа и Франција – Австрија.

Во четвртата група први на теренот се појавуваат селекциите на Украина и Чешка, а потоа следуваат дуелите Шпанија – Аргентина и Холандија Бразил.