Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Соседското дерби за Струга, шампионот нов лидер во првенството

/

пред 1035 дена

Сподели преку :

Во двата натпревари од 15. коло во домашниот фудбалски шампионат победи за домашните екипи.

Струга со погодокот на Вангел Згуро од пенал во деветтата минута од судиското надополнување успеа да ја совлада Воска Спорт и со овие три бода се врати на лидерската позиција на табелата во Првата македонска фудбалска лига.

Во вториот натпревар што се играше во Кратово, Силекс славеше против Вардар со 3:2.

Гостите од Скопје поведоа со погодокот на Ненад Мишковски во 14. минута. Шест минути подоцна Антонио Каланоски израмни на 1:1.

Истиот играч во 27. му носи предност од Силекс од 2:1 откако претходно голманот на “црвено-црните” Филип Гачевски го одбрани неговиот удар од 11 метри.

Во 77. минута, Виктор Серафимовски го постигна третиот гол за Кратовци, а на една минута пред крајот на натпреварот Нијаз Јусуфи го постави конечниот резултат.

ФОТО: Игор Паневски