Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стоилковска во второто коло од ИТФ турнирот во Египет

/

пред 1032 дена

Сподели преку :

Магдалена Стоилковска успешно ја мина првата пречка на турнирот што се одржува во Шарм Ел Шеик.

Македонската тенисерка експресно во два сета со 6:1 и 6:0 за само 51 минута ја совлада Нина Рудикова од Русија.

Противничката на Стоилковска го освои само првиот гем во мечот, а потоа следуваше низа од 12 гема за триумф и пласман во второто коло.

Противничка на нашата тенисерка ќе и биде четвртата фаворитка Карола Патриција Беженару кој со идентичен резултат во првата рунда ја елиминираше Холанѓанката, Шанел Јенсен.

ФОТО: Игор Паневски