Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Галевски со најмногу одбрани во последното коло од Европската лига на ЕХФ

/

пред 1033 дена

Сподели преку :

Голманот на Алкалоид, Иван Галевски на вчерашниот натпревар против Ла Риоха имаше 17 интервенции и заедно со неговиот колега од спротивната страна Криштоф Паласич се прогласени за најдобри чувари на мрежата во последното коло од Европската лига на ЕХФ.

Младиот голман имаше извонредна вечер во СЦ Јане Сандански и беше еден од најзаслужните за историската победа на Алкалоид, прва во дебитантскиот настап на меѓународната сцена.

Аугстин Педерсен од Флензбург со 13 погодоци е најефикасниот играч во ова последна рунда од второто по ранг европско клупско натпреварување додека ветеранот Анди Шмит кој го носи дресот на швајцарскиот претставник Кринс од Луцерн со 12 асистенции е лидер во оваа статистичка категорија.

ФОТО: Игор Паневски