Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фудбалските надежи ги добија противниците во квалификациите за ЕП

/

пред 1034 дена

Сподели преку :

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години денеска ги доби противниците во завршниот круг на квалификациите за настап на Европското првенство што ќе се одржи следната година во Северна Ирска.

Составот предводен од селекторот Тони Јакимовски за место на континенталниот шампионат ќе се соочи со репрезентациите на Швајцарија, Летонија и Украина, а турнирот е предвиден да се игра во периодот од 16 до 26 март следната година.

ФОТО: Игор Паневски