Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Познати се групите на Копа Америка 2024 година

/

пред 1033 дена

Сподели преку :

Утринава во Мајами беше извршена ждрепката за групите на претстојното јужноамериканско фудбалско првенство или популарно наречено Копа Америка 2024 година. Турнирот ќе се одржи во САД од 20 јуни до 14 јули следната година.

Групата А ја предводи актуелниот светски првак Аргентина, а тука се уште и селекциите на Чиле и Перу, додека четвртиот тим ќе биде познат по плејофот во кој играат Канада и Тринидат и Тобаго.

Мексико, Еквадор, Венецуела и Јамајка се најдоа во групата Б. Домаќинот на турнирот, САД ќе игра во групата Ц, заедно со Уругвај, Панама и Боливија. Бразил е главниот фаворит во групата Д, каде за противници ги доби Колумбија и Парагвај, а последниот ривал ќе биде победникот од плејофот помеѓу Костарика и Хондурас.

Првите две репрезентации од секоја група ќе се пласира во осминафиналето. Финалето е на 20 јули на стадионот „Хард Рок“ во Мајами.