Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Софија Гоџа со прва победа во супер велеслалом по пауза од две години

/

пред 1031 дена

Сподели преку :

Софија Гоџа беше најбрза на првата сезонска трка во супер велеслалом во рамки на Светскиот куп во алпско скијање што се одржа во Сент Мориц, Швајцарија.

Италијанката до првата победа во супер велелсалом по пауза од две години дојде со време од 1:16,63 минути и за 95 стотинки беше побрза од Корнелија Хутер од Австрија. Швајцарката Лара Гут-Бехрами го освои третото место.

Во оваа дисциплина со оглед дека ова беше прва трка очекувано прва е Гоџа со 100 бодови, пред Хутер со 80 и Гут-Бехрами со 60. Во генералниот поредок лидер е Микаела Шифрин со 520 бодови, а денешната трка ја заврши на четвртото место. Зад неа следува Петра Влхова со 391 бод, додека Гут-Бехрами има 385 бодови.

Скијачките утре во Сент Мориц возат спуст, додека во недела уште една трка во супер велеслалом.