Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Половина од населението во Појасот Газа гладува, предупредија ООН

/

пред 1044 дена

Сподели преку :

Заменик-директорот на Светската програма за храна на ОН, Карл Скау денеска предупреди дека половина од населението во Појасот Газа гладува поради вооружените борби меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

Според него само дел од потребните залихи може да влезат во Појасот Газа. Скау вели дека „девет од 10 луѓе не можат да јадат секој ден“, пренесува Би-Би-Си.

Условите во Појасот Газа ја направија испораката на помош речиси невозможна, посочи Скау, додавајќи дека е отворен само граничниот премин Рафа кон Египет, преку кој до палестинската енклава стигнуваат ограничени количини помош.

Скау рече дека за време на неговата посета на Газа оваа недела, тој и неговиот тим виделе „страв, хаос и очај“ и биле сведоци на „хаос во магацините и местата за дистрибуција, со илјадници очајно гладни луѓе“.

Скау посочи дека виделе „целосно празни продавници“ и „пренаселени засолништа“.