Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лавров: За мир во Украина неопходна промена на декретот на Зеленски

/

пред 1053 дена

Сподели преку :

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека заради мирот во Украина, неопходно е да се промени претседателскиот декрет издаден од Володимир Зеленски минатата година.

Ќе треба да го поканите господинот Зеленски, бидејќи пред година и пол потпиша декрет со кој се забрануваат преговори со Владимир Путин, рече Лавров на прашањето за дипломатскиот пристап кон прекинот на огнот.

Министерот за надворешни работи на Русија додаде дека верува оти Западот се обидува да ја истроши Русија во Украина, пренесуваат британските медиуми.

Останува на Украинците да препознаат колку длабоко се во дупката што Америка ја ископа, нагласи Лавров.

Кога го потпиша указот минатата година, Зеленски истакна дека Украина е подготвена за разговори со Москва, но под услов Русија да биде предводена од друг претседател.