Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Чешка сензационален четвртфиналист на СП во ракомет

/

пред 1029 дена

Сподели преку :

На Светското првенство во ракомет во женска конкуренција познати се неколку селекции кои го продолжуваат настапот во елиминациската рунда.

Најголемото изненадување на Мундијалот е репрезентацијата на Чешка која и покрај поразот од Бразил со 30:27 на крајот успеа да го освои второто место во групата 4 од Главната рунда.

Во кругот со селекциите на Бразил и Шпанија, чешките ракометарки имаат најдобар скор што им донесе и место меѓу осумте најдобри на светот.

Во вториот дуел од оваа конкуренција Холандија триумфираше над Шпанија со 29:21 и го обезбеди првото место додека претходно Аргентина беше поуспешна од Украина совладувајќи ја со 25:20.

Во групата 2 вечерва Норвешка и Франција во директен дуел решаваат која од овие репрезентации ќе го освои првото место и од оваа позиција ќе влезе во четвртфиналето.

Место меѓу осумте најдобри на шампионатот веќе обезбедија селекциите на Германија, Данска и Шведска.

Четвртфиналните двојки ќе бидат познати утре кога се играат натпреварите од последното коло во првата и третата група од Главната рунда.

ФОТО: Игор Паневски