Седумнаесет лица се повредени, од кои најголем дел полесно, во судир на два воза во близина на италијанскиот град Фаензе, јави агенцијата АНСА.
Несреќата се случила доцна синоќа на делот од пругата меѓу Болоња и Римини, во северниот италијански регион Емилија-Ромања.
Причината за судирот првично беше нејасна. Според првичната реконструкција на настанот, двата воза се движеле во правец на север, пришто едниот со задниот дел удрил во другиот.











