Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Синот на претседателот на Сомалија прегази човек во Турција и исчезнал од земјата од 2 декември

/

пред 1052 дена

Сподели преку :

Синот на претседателот на Сомалија предизвика сообраќајна несреќа во Истанбул, во која настрада мотоциклист, по што побегна од Турција. Мухамед Хасан Шеик Мохамуд на 30 ноември со својот автомобил налета на курирот Јунус Гечер кој по ударот беше хоспитализиран со тешки телесни повреди од кои почина по шест дена и покрај напорите на лекарите да го спасат неговиот живот.

На Мухамед Хасан Шеик Мохамуд, кој првично беше сослушан во полициска станица, па пуштен по сообраќајната несреќа, му беше изречена забрана за патување. По смртта на Гечер, обвинителството распиша потерница за синот на сомалискиот претседател, а полицијата откри дека исчезнал на 2 декември.

Следен чекор е распишување на меѓународна потерница по Мухамед Хасан Шеик Мохамуд чие бегство предизвика остри реакции во Турција. Градоначалникот на турската престолнина објави снимка од сообраќајните камери на која се гледа како Мохамед го удира Гечер и го влече неколку метри.