Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шкендија и Нухиу ја прекинаа соработката

/

пред 1028 дена

Сподели преку :

Шкендија од Тетово вториот дел од сезоната во домашниот фудбалски шампионат ќе ја почне со нов шеф на стручниот штаб.

Клубот од Тетово објави дека спогодбено ја раскинува соработката со досегашниот тренер Адријан Нухиу.

“Во овој момент е важно да се направат промени кои ќе донесат нов дух и нова насока во нашиот тим. Благодарни сме на тренерот Нухиу и неговите стручни соработници за нивниот придонес додека беа дел од нас, посакувајќи им успех во нивната професионална кариера во иднина”, се вели во клупското соопштение.

Наследникот на Нухиу ќе биде познат во следниве неколку недели, а со новиот шеф на струката Тетовци ќе ги почнат подготовките за продолжението на првенството во кое Шкендија е на третата позиција со четири бода помалку од лидерот Струга, а зад второпласираниот Шкупи заостанува три.

ФОТО: Игор Паневски