Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јасикевичиус на клупата на Фенербахче до 2026 година

/

пред 1025 дена

Сподели преку :

Кoшаркарскиот клуб Фенербахче вчера го отпушти тренерот Димитрис Итудис, а денеска веќе го назначи Шарунас Јасикевичиус на клупата.

Итудис се задржа на тренерската позиција во Фенер 18 месеци и поради просечните игри на тимот во Евролигата оваа сезона, каде е на 12.место со скор од 6-7, челниците решија да го сменат. На негово место доаѓа Јасикевичиус, кој имаше одлични четири сезони на клупата на Жалгирис, а исто така со успех ја предводеше и Барселона три сезони. Со Каталонците играше на три завршни турнири во Евролигата, но ниту еднаш не го освои трофејот.

Интересно е тоа што Јасикевичиус кратко беше дел од Фенербахче во 2011 година во неговата неверојатна играчка кариера.

Литванецот од денеска веќе е во Истанбул и потпиша договор до крајот на сезоната 2025/2026.