Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дуелот помеѓу Фулам и Барнли ќе биде за историја во Премиерлигата

/

пред 1025 дена

Сподели преку :

Натпреварот помеѓу Фулам и Барнли на 23 декември ќе биде запишан во историјата на Премиерлигата, бидејќи главен судија ќе биде жена. Ребека Велч ќе ја има честа да испише нови страници во англискиот фудбал со тоа што ќе застане на центарот на еден натпревар од Премиерлигата.

Таа во јануари годинава стана првата жена што судела меч од Чемпионшип дивизијата, а сега ја доби довербата од шефот на судиската организација, Хауард Веб, да биде дел и од елитата.

Велч е искусен судија, а веќе делеше правда во ФА Купот, а беше и четврти судија во Премиерлигата. Во женскиот фудбал редовно суди во Суперлигата, Лигата на шампиони, а беше дел и од арбитрите на Светското првенство што се одржа во Австралија изминатото лето.