Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во центарот на Белград е раздвижено пред утрешните избори

/

пред 1038 дена

Сподели преку :

Во центарот на Белград е раздвижено пред утрешните избори. Опозицискиот прозападен блок настапува обединет на овие избори со надеж дека ќе ја освои власта во главниот град,  со верба дека така ќе покаже дека владеењето на претседателот Александар Вучиќ и Српската напредна партија може да биде разнишано.

Од друга страна, Вучиќ кој не учествува на овие избори активно беше вклучен во кампањата давајќи поддршка на Српската напредна партија, иако формално не е нејзин претседател. Убеден е во уште една победа.

Анкетите покажуваат дека Српската напредна партија е фаворит и на овие избори. Според истражувањето на јавното мислење СНС би освоиле речиси 40 насто од гласовите, а опозицискиот блок Србија против насилството 25,6 отсто од гласовите. Во парламентот би требало да влезе и Социјалистичката партија на Ивица Дачиќ која има рејтинг од речиси дест отсто, и коалицијата на десницата Двери и Заветници со 6,5 отсто.

На парламентарните избори учествуваат 18 листи на партии и коалиции, додека на Белградските 14 листи.

Изборите ќе ги следат рекорден број домашни и странски набљудувачи.

А, бидејќи се работи за двојни избори, се очекува и пребројувањето на гласовите да трае подолго.

Уште пред гласањето, опозицијата изрази сомнеж изрази за можни малверзации со гласовите особено во помалите места и во руралните средини. Власта на СНС ги отфрли овие тврдења убедена дека ќе однесе уште една победа со што би го продолжила речиси 12-годишното владеење.

Кампањата беше валкана и медиумски нерамноправна во поларизираното српско општество.

Марија Дивитарова